Три лица се убиени во нов израелски напад врз градот Газа, соопшти денес Цивилната заштита на Појасот Газа.
Три маченици и неколку ранети беа евакуирани по окупацискиот напад насочен кон цивилно возило во близина на раскрсницата Ал-Абас во округот Ал-Римал во западниот дел на градот Газа“, изјави портпаролот на Цивилната заштита, организација предводена од милитантното палестинско движење Хамас.
Според локалните власти, неколку десетици луѓе се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од среда, 19 ноември.
Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, кој е во сила од 10 октомври.

