Холандската армија пукала кон неидентификувани дронови над воена база

Холандската армија отворила оган врз беспилотни летала над воздухопловната база Волкел на истокот од земјата, а остатоците од леталото не се пронајдени, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Во соопштението на министерството се наведува дека обезбедувањето во базата ги пријавило беспилотните летала синоќа помеѓу 19:00 и 21:00 часот, и дека војската почнала да пука кон нив со цел да ги собори.

„Дроновите ја напуштија областа и не беа пронајдени“, се вели во соопштението.

Во последните недели, во близина на воени бази во Холандија и Белгија беа пријавени голем број инциденти со неидентификувани летала.

Холандската војска и полиција истражуваат, а Министерството за одбрана вели дека сè уште не е јасно зошто беспилотните летала летале над и околу воздухопловната база.

Базата Волкел ја користат холандските воздухопловни сили, а во таа земја летањето со беспилотни летала зад сите аеродроми, цивилни и воени, е забрането поради безбедноста на летот, се заклучува во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен