Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи.

Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“.

-Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол, велат од Министерството за правда.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново