„Има стагнација во темпото на реформската работа и темпото мора да се забрза бидејќи има многу реформи кои треба да се спроведат“. „Секако од Северна Македонија зависи да ги направи овие уставни измени, како што се договоривме“. „Поддршката не е гарантирана засекогаш ако земјата не покаже вистински чекори“.
Ова се само дел од поентите од интервјуто на „360 степени“ со шведската министерка за ЕУ Јесика Росенкранц. Таа пристигна вчера во Скопје, во нејзина прва посета на земјава и ќе се види со владиниот врв од кој очекува да ги слушне идеите за натамошниот тек на европскиот процес на Северна Македонија.
Во интервјуто за 360 степени, Росенкранц директно укажува дека Владата не ги спроведува реформите доволно брзо — што според неа е проблем, бидејќи „многу реформи” остануваат неизвршени. Тоа е јасна порака дека ЕУ не е импресионирана и дека очекува реални, брзи резултати.
Таа оценува дека е недоволен напредокот во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупција
„Би сакала да ја потенцирам неопходноста навистина да се придвижат сите неопходни реформи во владеење на правото, борба против корупцијата, независно судство“, истакнува Росенкранц за „360 Степени“.

Според неа, состојбата со правосудството и институциите во Македонија е далеку од задоволителна и дека без конкретни реформи овие проблеми ќе останат пречка за евроинтеграција.
Таа нагласува дека е поребно да се спроведат договорените уставни измени од 2022 година.
„Секако од Северна Македонија зависи да ги направи овие уставни измени, како што се договоривме“, вели таа.
Пораката на шведската министерка за ЕУ е јасна: Ако сакаме да продолжи процесот кон ЕУ, мора да се спроведеат тие измени. Ова значи дека Владата не смее да чека, да одолговлекува, или да бара нови гаранции и дека реформите и уставните измени од 2022 се основа.
Во интервјуто за „360 Степени’, таа вели дека Шведска “ќе ја поддржува Македонија”, но дека поддршката е условена со реални резултати: реформи, владеење на правото, корупција. Таа јасно укажува дека поддршката не е гарантирана за секогаш ако земјата не покаже вистински чекори.
Росенкранц и во ова интервју упати апел да се искористи „моментумот“ за проширување на ЕУ додека е поволен.
„Северна Македонија да ја искористат оваа можност, бидејќи мислам дека навистина постои моментум во проширувањето. И ја разбирам фрустрацијата, по сето ова, по толку многу години во процес. Но, како пријател на проширувањето и на Северна Македонија, гледам реална можност да се делува сега“, порачува Јесика Росенкранц, шведската министерка за ЕУ во интѕервјуто за „360 Степени“.

