Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сенаторот Марфи: Имате вистинска можност за влез во ЕУ која Северна Македонија не смее да ја испушти

„Ја поддржуваме поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземете потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Знам дека беше долг патот кон ЕУ, знам дека многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум за да ви кажам дека е“, изјави американскиот сентарор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека и за членството на земајва во НАТО имаше такви сомнежи, дека никогаш нема да добиеме покана, но по преземањето на потребните, тешки чекори денес Северна Македонија е членка на НАТО Алијансата.

„Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ, ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот и затоа ова е нова реална можност за проширување, а Северна Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика“, рече Марфи.

Тој додаде дека уставните измени се јасна можност за Северна Македонија да може да се приклучи кон ЕУ.

„Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Северна Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргнеме од патот од ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО. Оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности“, предупреди Марфи.

Тој додаде дека треба да се направи избор и да се искористи моментот за обединување на демократиите во Европа, да ги донесат тешките одлуки и да возвратат на агресијата на Русија.

„Вашата посета во Вашингтон беше од голема важност, беше триумфална, ги потврдивме цврстите билатерални односи меѓу САД и Северна Македонија. Навистина со нетрпение очекував да дојдам тука и да дознаам како може да го зацврстиме ова партнерство уште повеќе, но и да ве поттикнам вас и Собранието на вашиот пат кон ЕУ“, рече американскиот сенатор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека членството во НАТО е гаранција за безбедноста на земјава и од САД и од сите членки на Алијансата.

„САД и Северна Македонија се безбедносни партнери веќе долго време. Многу често еден од првите повици кога ни требало помош глобално или во овој регион е повикот што го упатуваме кон нашите пријатели тука. Нашата Алијанса е цврста, за тоа сведочи нашата обединетост во врска со бруталната инвазија врз Украина и се осигуравме дека Русија ќе плати за своето нарушување на мирот“ рече сенаторот Марфи.

Тој додаде дека САД и Северна Македонија имаат и цврсто економско партнерство, бидејќи се повеќе американски компании работат тука споредено со минатото.

„Нашата безбедност не доаѓа само преку војската туку и преку економијата, иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигураме дека тоа ќе бидат САД и нашите партнери тука во Европа. Затоа и ја споменавме и инвестициајта за компјутерските чипови, тоа е навистина убаво да се слушне, затоа што така ние сме побезбедни“, рече сенаторот Марфи на прес конференцијата по средбата со премиерот Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен