Украински дронови денеска извршија напади врз база на руските специјални сили и зграда на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во Чеченија.
Во базата на единицата „Ахмат“ во Гудермес дошло до силна експлозија. Видеа објавени на интернет покажуваат пламен и чад што се издигаат од комплексот, што претставува сериозен удар за чеченската единица.
Во одделен инцидент, канцеларијата на ФСБ во Ачкој-Мартан била оштетена, при што се забележани скршени прозорци и расфрлани остатоци пред зградата.
Европските министри за надворешни работи денеска од Брисел порачаа дека притисокот врз Русија мора да се засили, откако последната рунда разговори меѓу Москва и САД заврши без напредок во завршувањето на војната во Украина, која трае речиси четири години.

