Аеродромот во Вилнус повторно накратко затворен поради сомнителни балони

Меѓународниот аеродром во Вилнус вчера беше затворен на кратко поради сомневање дека во неговиот воздушен простор се појавиле балони, уште еден во серијата слични инциденти што се случуваат последните месеци.

Аеродромот, кој се наоѓа околу 30 километри од границата со Белорусија, бил затворен во 19:36 часот, а повторно отворен во 21:06, соопштија властите.

Од почетокот на октомври, аеродромот во Вилнус бил затворен повеќе од десет пати поради вакви инциденти, што ја зголемува загриженоста околу безбедноста и можните провокации во регионот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?