Мицкоски оздравел, ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините

Мицкоски
Христијан Мицкоски, Самит на НАТО во Вашингтон, 09.07.2024 | Фото: Влада на РСМ

Прес службата на Владата извести дека денеска 04.12.2025 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во Клубот на пратеници, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата, што ќе биде нов начин на транспарентен увид и комуникација со граѓаните за трошење на јавните средства.

Премиерот Христијан Мицкоски кој поради здравствени причини го откажа своето учество и обраќање на македонско-српскиот економски форум вчера во Скопје, се враќа на извршување на своите работни задачи.

Вчера владината прес-службане посреднио пред почетокот на економскиот Форум со српски компании и владини претставници на Белград, соопшти дека настанот ќе се одржи без присуство на премиерот.

Опозициската СДСМ веднаш реагираше со политички прашања и сомнежи. Во партиско соопштение оттаму прашаа „дали поради случувањата во Србија, Мицко или така наречениот ‘Мали Вучко’ бега од своите бизнис партнери“, алудирајќи на актуелните турбуленции во Белград и на блиските политички и бизнис-релации меѓу дел од структурата на власта во Скопје и власта во Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен