МАСИТ награди за визија, лидерство и придонес по повод 25 години постоење

МАСИТ

Во рамките на годишната конференција MASIT 2.0 – RecodeReality, Стопанската комора на ИКТ-индустријата го одбележа и јубилејот – 25 години постоење во Македонија, како активен чинител во општеството кој континуирано придонесува за развој на националната економија.

Директорката на извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, им ги додели наградите за нивниот повеќегодишен придонес во развојот на Комората на сите поранешни претседатели во изминатите 25 години, и тоа: Антони Пешев, Тони Петревски, Васко Кроневски, Горан Митревски, Игор Бимбиловски, Слаѓан Михајловски, Драган Чепујновски, Горан Поповски, Анета Антова Пешева и Илија Господинов.

Во изминатите две и пол децении, МАСИТ го изгради својот развој и позиција како клучен фактор во дигиталната трансформација на Македонија преку соработка со голем број партнери од индустријата, академската заедница, донаторски организации и меѓународни институции. За долгогодишното партнерство, признанија добија:

  • Михал Харари, заменик-шеф на Мисијата, Амбасада на Швајцарија
  • Горан Дамовски, директор на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ
  • Дениз Сулејман, во име на ГИЗ Македонија
  • Горан Кубелка, НЕОКОМ
  • Беркан Имери, ХАЛК Банка
  • Христина Џамбазовска Анастасов, Триглав Живот

Во нивното соопштение од МАСИТ порачуваат дека остануваат целосно посветени на развојот на ИКТ-индустријата во Македонија, обединувајќи го најдоброто во земјата, со амбиција да бие водечки регионален пример во степенот и квалитетот на дигитализацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен