ЕУ се откажува од целосната забрана: Бензинците и дизелите ќе возат и по 2035

PICKPik

Европската Унија направи значајна промена во својата климатска и транспортна политика, две години по усвојувањето на пакетот што требаше да го означи 2035 година како крај на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување. Наместо целосна забрана, Брисел сега предлага пофлексибилен модел кој дозволува овие мотори да продолжат да се произведуваат, но исклучиво ако работат на нискојаглеродни е-горива и биогорива.

Притисок од индустријата и политичките кругови

Одлуката е резултат на неколкумесечни предупредувања од автомобилските производители за пад на побарувачката за електрични возила, високи трошоци за производство и стравувања од масовни отпуштања.
Комесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, во интервју за Handelsblatt потврди дека „моторите со внатрешно согорување ќе имаат иднина во Европа“, под услов да користат горива со речиси нулта емисија.

Клучна улога во промената имало и писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц до Урсула фон дер Лајен, во кое тој побара „реалистичен и економски одржлив“ пристап во енергетската транзиција – порака што добила позитивен прием во Европската комисија.

Што ќе биде дозволено по 2035 година?

Според новиот план, моторите со внатрешно согорување ќе останат на пазарот, но само доколку користат одржливи горива, како:

синтетички е-горива произведени со електрична енергија од обновливи извори
биогорива, како HVO100, кои го намалуваат јаглеродниот отпечаток и до 90%

Овие технологии веќе се применуваат. Porsche во Чиле произведува сопствени е-горива користејќи вода, CO₂ и ветер. HVO100, пак, веќе е достапно во неколку модели на BMW и Audi, што укажува дека индустријата постепено се подготвува за новата регулаторна рамка.

Зачлени се на нашиот е-билтен