Полска: Уапсени стотина осомничени за педофилија

Полските органи за спроведување на законот приведоа 100 лица во голема акција против онлајн експлоатацијата на деца

Полската полиција уапси 100 мажи осомничени за производство и поседување видеа од сексуална злоупотреба на деца во операцијата „Крај на играта“. Конфискувани се повеќе од 600.000 датотеки. Меѓу уапсените, на возраст меѓу 18 и 75 години, е еден од главните дистрибутери, а двајца се обвинети за силување. Во најголемата операција од ваков вид, обвинети се вкупно 477 лица и се соочуваат со казни затвор до 15 години.

Полските органи за спроведување на законот приведоа 100 лица во голема акција против онлајн експлоатацијата на деца. Истрагата е насочена и кон продуцентите и кон оние кои ги гледале или споделувале видеата со злоупотреба. Успехот на операцијата е потврден со апсењето на еден од десетте најголеми производители и дистрибутери на таква нелегална содржина во земјата.

Уапсените мажи се на возраст меѓу 18 и 75 години. Двајца од нив се обвинети за силување малолетници, соопшти полицијата, а објави француската новинска агенција АФП.

Во операцијата наречена „Крај на играта“, беа запленети и најмалку 600.000 досиеја што содржат сексуална злоупотреба на деца и бестијалност.

Марчин Загорски, портпарол на канцеларијата за сајбер криминал на полската полиција, за АФП изјави дека оваа операција е најголема од ваков вид од вкупно седум спроведени во последните три години.

Вкупно 477 лица беа обвинети и осудени на затворски казни од три месеци до 15 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен