Од СДСМ денеска излегоа со обвинување дека власта, ги гони младите партиски актаивисти, поради објави на фејсбук. Од таму велат дека ваквата нервоза кај ВМРО-ДПМНе е предизвиканапо објава на криминалните скандали, и затоа власта се нафрла врз младите кои ја шират вистината на Фејсбук
„Објавата на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ и сакандалите со милионски тендери за крадење на граѓаните ја зголеми нервозата во власта. Само поради критички објави на Фејсбук, младите добиваат закани, повици на информативни разговори, па дури и покани од суд и обвинителство. Сè поочигледен е политичкиот прогон што го спроведува власта врз наши членови и млади активисти“, пишуа во партискоо соопштение на СДСМ.

Според нив ова е класичен притисок врз слободата на говор и обид да се заплашат луѓето и да се замолчи секоја критика кон власта на Мицкоски по рецептот на Никола Груевски.
„Тоа што го правеше Груевски сега го прави Мицкоски. Исти ликови, иста банда. Ниту некој ви се плаши, ниту некој ќе можете да заплашите или да замолчите. Бадијала ви се заканите, погрешни ви се алатките, методите, притисоците нема да имаат резултат. Вистината нема да ја запрете, правдата ќе ве стигне. Продолжуваме со објавување на скандалите, криминалните шеми за испумпување на парите и богатење на поединците на власт. Го поразивме криминалниот систем на Никола Груевски ќе го поразиме и овој на Христијан Мицкоски“, велат од СДС, додавајќи дека ‘Работата не е завршена’.

