Земјоделци од северна Грција повторно ги блокираа граничните премини, вклучувајќи го и преминот Evzoni/Богородица) со Северна Македонија.
Ова предизвика прекини во сообраќајот, возила, камиони и оние што патуваат кон или од Северна Македонија беа приморани да бараат алтернативни рути.
Ова е дел од пошироки протести на грчките земјоделци заради доцнења и нередовности во исплатата на субвенции од ЕУ, по скандалот со злоупотреба на земјоделски фондови.
Протестите имаат директно влијание врз нашата земја, не само на граѓаните кои патуваат туку и на трговијата и транспортот; граничните блокади може да предизвикаат задоцнувања во увоз/извоз, товарен сообраќај и секојдневен трансфер на луѓе.

