СДСМ преку соопштение за јавност реагира на ставот на британската амбасада во Скопје дека Британија и Македонија работеле заеднички на нелегалната миграција
„ДПМНЕ вчера ги нараче „фантазија на СДСМ” пишувањата на британски медиуми дека има соработка меѓу македонската и британската влада за прифаќање мигранти . Дури рекоа дека сме биле подготвени да измислиме „колонизација на марсовци во Македонија”. Еве денеска, Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција. Кој сега лаже? ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш“ велат од СДСМ.
Оттаму го нарекуваат Мицкоски лажен патриот, кој се колнел дека „шанса нема” да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти.
„Додека на големо го крадат народот преку милионски тендери на нивни фирми ова е ново предавство на Мицкоски и неговата власт. Ајде да видиме што сега ќе измисли ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе зготви следно нивната кујна за лаги“ стои во соопштението од СДСМ.

