Македонскиот ракометен вицепрвак и двократен европски шампион Вардар 1961 ги дозна датумите и термините во втората фаза од ЕХФ ракометната Европска лига.
Вардарци се во група со германски Мелсунген и португалска Бенфика, во која пренесоа два бода, четири има германскиот додека нула бодови има португалскиот тим.
Ракометарите на Вардар ќе стартуваат со гостување во Лисабон кај Бенфика на 17 февруари 2026. Потоа ќе следуваат два домашни натпревари на 24 февруари и 3 март.
Во последниот меч црвено-црните гостуваат во Германија кај Мелсунген на 10 март. Сите натпревари Вардар ќе ги игра во термин од 20.45 часот.
Првопласираниот тим ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, а второ и трето рангираните, ќе играат плеј-оф (осминафинале).