Али Ахмети, лидерот на ДУИ во објава на „Фејсбук“ ги повикува поддржувачите на утрешниот протест во Скопје, под слоганот „Јас сум УЧК“.
„Слободата има име, УЧК. И ова име останува дел од нашиот национален идентитет и достоинство“, напиша Ахмети повикувајќи на заедничко и одговорно учество.
Поддршка за протестот дадоа повеќе политички фактори од партискиот албански блок во земјата, меѓу кои и партии кои се дел од владината коалиција.
Протестот се организира во знак на поддршка за поранешните водачи на УЧК, на кои им се суди за воени злосторства во Хаг и е закажан за утре, 13 декември, во 13 часот, на плоштадот Скендербег во Скопје.
Најавено е и присуство на ветерани на УЧК од Косово, како и граѓани од Косово и од Албанија.