Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Граѓански дијалози“ во Гостивар: Општината позитивен пример за мултикултурализам

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

На оваа граѓанска средба учествуваа претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Настанот  го отворија градоначалникот, д-р Арбен Таравари и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„Во Гостивар со векови има повеќе етнички заедници коишто меѓусебе живеат релативно добро. Во Гостивар се користат три јазика, македонскиот, албанскиот и трускиот јазик. Во 2021 година консензуално сите советници донесовме одлука да се користи и ромското знаме. Ние сме единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа. Генерално одлуките коиѓто се однесуваат на меѓуетничките односи во Советот на Општината за наша среќа се донесуваат со консензус. Се согласуваме дека мораме заедно, да си помогнеме и да се движиме напред и колку што можеме да покажеме емпатичност едни кон други“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Дерала зборуваше за факторите што можат да влијаат на односите меѓу заедниците и итните чекори што треба да се преземат.

„Долгогодишни препораки на ЦИВИЛ до граѓанските организации, особено до неколкуте мрежи кои ги адресираат дискриминацијата и човековите права и слободи, се да вложат повеќе напори во генерирање на конкретни активности и настани со кои ќе се промовира концептот и Стратегијата за мултикултурализам, претходно позната како „Едно општество за сите“.

Препорака и до медиумите и граѓанските организации и мрежи поврзани со медиумските прашања е да ги постават активностите и содржините на темите поврзани со односите меѓу заедниците како приоритетни. Препорака до Владата и институциите е да преземат мерки за превенција, односно санкционирање на говорот на омраза и ширењето на етничка верска и расна нетрпеливост, кои се кривични дела и да продолжат со добрите практики на креирање позитивен амбиент за развој на мултикултурализмот во земјата.

Препорака на ЦИВИЛ е тие во наредниот период да се фокусираат уште повеќе на доследно и уште подинамично спроведување на Акцискиот план на Стратегијата и креирање на новата Стратегија 2023-2025 година, со посебен акцент на образовните и културните институции, и медиумите“, потенцираше Дерала.

Придонес кон дебата дадоа и присутните гости

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

(ЦивилМедиа)

Најново