СДСМ: Мицкоски ги става под свои канџи обвинителство и судството

СДСМ

Изборот на в.д. обвинителка нов доказ: Власта сака целосна контрола и затоа Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството.

Ова го тврди СДСМ во соопштение утрово како реакција на изборот на в.д. државна јавна обвинителка Анита Топалова Исајловска.

Во соопштението, што го пренесуваме во целост, понатаму се наведува:

Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.

Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.

Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која  бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање 

на ВМРО-ДПМНЕ. 

Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ. 

Дали сега на сите им е јасно што се случува?

Исто како во времето на Груевски.

Нема да ви помине! 

Сите ќе одговарате!

Зачлени се на нашиот е-билтен