Обвиненија за корупција и протести ја тресат владата на Еди Рама во Тирана

Еди Рама
EPA/MALTON DIBRA ATTENTION: GRAPHIC CONTENT

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели врз владината зграда во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама во понеделник, барајќи оставка од владата откако обвинителите подигнаа обвинение против вицепремиерката за наводна корупција.

Политичките тензии во Албанија ескалираа во последните недели откако беа упатени обвинувања против вицепремиерката Белинда Балуку, пишува Ројтерс. Заедно со неколку функционери и приватни компании, таа е обвинета за користење државни средства за фаворизирање на некои компании во големи инфраструктурни проекти.

Таа ги нарече обвинувањата во парламентот минатиот месец „клеветење, инсинуации, полувистини и лаги“ и изјави дека целосно ќе соработува со судството.

Специјалното обвинителство, задолжено за борба против корупцијата и организираниот криминал, побара од парламентот да го укине имунитетот на Балуку оваа недела и да дозволи нејзино апсење. Не е јасно кога се очекува да гласа парламентот, каде што владејачката партија на Рама има мнозинство.

Додека демонстрантите фрлаа молотови коктели во понеделник, полицијата во опрема за немири ја заштитуваше владината зграда, но не ги потисна демонстрантите.

„Доста ни е бидејќи станува збор за десетици и стотици милиони евра украдени, а таа не поднесува оставка. Ова е срамно“, рече демонстрантот Арбен Суло.

Балуку е исто така раководителка на Министерството за инфраструктура, кое управува со стотици милиони евра во проекти како што се патишта, мостови и тунели.

Зачлени се на нашиот е-билтен