Град Скопје започна процес за изработка на Градска стратегија за безбеден сообраќај, во рамки на програмските определби на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Стратегијата ќе се базира на концептот „Визија 0“ и ќе предвиди повеќегодишни мерки и активности за периодот од 2026 до 2030 година, со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви. Посебен фокус ќе биде ставен на заштитата и безбедноста на децата како најранлива категорија учесници во сообраќајот.
Документот се очекува да опфати активности насочени кон унапредување на сообраќајната инфраструктура, едукација на учесниците во сообраќајот, засилени контролни механизми, како и систематска анализа на сообраќајните незгоди. Во стратегијата ќе бидат дефинирани и конкретни цели и мерки по фази, со јасна временска рамка за нивна реализација.