Театар на угнетените за правда, солидарност и помирување

Театар

ЗГ Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура Ве покануваме на настан посветен на Театарот на угнетените на Аугусто Боал – театарска и општествена практика која го спојува уметничкото дејствување со борбата за правда, солидарност и помирување.

Преку примери, практични интервенции и разговор, ќе се отвори простор за размислување за театарот како алатка за отпор, за јавно преиспитување на угнетувањето и за создавање можни алтернативи во реалниот живот. Театарот овде не е само претстава, туку процес – „проба за реалноста“ во која гледачите стануваат активни учесници. Настанот отвора простор за заедничко промислување и дејствување околу теми што често остануваат невидливи или маргинализирани во јавниот дискурс, како што се:

  •  Родовото насилство како тивка последица на политичко-општествените конфликти, особено во периоди на транзиција и криза, кога насилството се нормализира, економската несигурност расте, а траумата се пренесува во секојдневниот живот. 
  •  Замолчувањето на женските искуства во процесите на справување со минатото, каде страдањето и активната улога на жените ретко се признаени, а недостасуваат родово чувствителни архиви, истражувања и јавни политики. 
  • Потребата од интерсекциски и транс-етнички пристап во помирувањето, кој го препознава родовото и семејното насилство како системски, а не приватен проблем, и отвора простор за солидарност и заедничко дејствување надвор од етничките и општествените поделби.

Настанот, кој ќе се одржи во петок, на 26 декември, во 19.00 часот, во КСЦ Центар Јадро, е наменет за сите кои веруваат дека уметноста и културата можат да бидат средство за општествена преобразба, заедничко учење и колективно дејствување. 

Настанот е организиран во соработка со Форум цивилен мировeн сервис – ПроПис Северна Македонија.

Режисер и водител на настанот (Џокер): Зоја Бузалковска 

Играат: Александар Степанулески, Ангела Пејковска, Лора Штарго и Мартин Мазнев 

Визуелни интервенции: Ѓорѓе Јовановиќ 

Технички продуцент: Павле Игновски 

Зачлени се на нашиот е-билтен