Вчера попладне, на 24 декември 2025 година, во скопското село Арачиново се случила вооружена пресметка меѓу неколку лица, при што било оштетено возило кое случајно се нашло на местото на инцидентот.
Како што информираат од МВР, во СВР Скопје во 16:21 часот било пријавено дека, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица кои се движеле со две возила, било оштетено патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.
Возилото, според полицијата, случајно се затекнало на местото на настанот во моментот на инцидентот.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.