Елката, висока 44,7 метри, се наоѓа во Крегсајд, Нортамберленд и е повеќе од двојно повисока од статуата на Ангелот на Северот, а била засадена уште во 1860-тите.
Џиновска секвоја што расте на имот на Националниот фонд официјално е прогласена за највисока жива елка во светот. Елката е висока 44,7 метри, се наоѓа во Крегсајд, Нортамберленд и е повеќе од двојно повисока од статуата на Ангелот на Северот, која била засадена уште во 1860-тите. Овој уникатен потфат е забележан и од тимот на Гинисовата книга на рекорди, пишува Би-Би-Си.
За да биде земена предвид за рекорд, секвојата морала да има два вида украси. Затоа била украсена со повеќе од 1.300 божиќни светла иГ две огромни виолетови машнички, соопшти Националниот фонд. Портпаролот откри дека за декорацијата е потребна работна платформа и дека на тројца луѓе им биле потребни два дена за да ги инсталираат сите светла

„Секоја светилка е внимателно проверена, а потоа поставена и прицврстена вертикално за да не се изврши преголем притисок врз дрвото“, објаснија тие.
Заслужено признание
Судијата на Гинисовата книга на рекорди, Карл Савил, рече: „Беше привилегија да му се даде на ова дрво признанието што го заслужува. Имотот веќе ја имаше највисоката жива елка во Велика Британија минатата година. Постојано се прашувавме дали можеме да направиме уште еден огромен чекор понатаму и да го обезбедиме Гинисовиот рекорд… и го направивме тоа“, рече Стив Хауард, официјален претставник на Крегсајд, додавајќи дека било тешко да се чува светскиот рекорд во тајност во текот на изминатите неколку недели.
„Сакавме да ја споделиме нашата голема вест во време кога многу луѓе ги поставуваат своите елка“, рече тој.
Нов рекорд во споредба со претходниот
Ова е сосема нов рекорд во категоријата највисока жива елка. Рекордот за највисоката елка некогаш поставена сè уште му припаѓа на дрвото што беше поставено во 1950 година во трговскиот центар Нортгејт во Сиетл, САД. Тоа дрво, кое, за разлика од секвојата во Крагсајд, не беше вкоренето во земјата, беше високо дури 64,6 метри.