Нереална партија на Јокиќ даде 56 поени, имаше и 15 скокови

Никола Јокиќ одигра брилијатна партија со која го предводеше Денвер Нагетс до победа од 142-138 над Минесота Тимбервулфс по неверојатно продолжение.

Српскиот центар не само што оствари фантасичен трипл-дабл, туку постави и нов НБА рекорд по бројот на поени постигнати во едно продолжение.

Јокиќ на крајот од мечот запиша 56 поени, со 15 скокови и 16 асистенции и постави нов рекорд во НБА лигата.

Со тоа стана прв кошаркар кој постигнал 55 поени со по 15 и повеќе скокови и асистенции.

Зачлени се на нашиот е-билтен