Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Цртај на македонски“ – манифестација наменета за млади автори и уметници од независната културна сцена

Министерството за култура го распиша конкурсот „Цртај на македонски“ за 2023 година. Конкурсот е наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена.

Конкурсот е отворен до 30 јуни, а е наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Избраните проекти ќе се реализираат во периодот од 15 јули до 1 октомври.

Целта на манифестацијата е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик од страна на младите уметници, неформални групи и автори од областа на културата.

Со овој конкурс, Министерството за култура ја стимулира секојдневната употреба на современиот македонски јазик преку традиционалните и нови форми на уметност.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете на: КОНКУРС за проект за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година – Министерство за култура.

Зачлени се на нашиот е-билтен