Делови од Општина Карпош утре, 30 декември 2025 (вторник), ќе останат без вода поради уличен дефект на улицата „Нобелова“, на крстосницата со улицата „Хелсинки“. Прекинот во водоснабдувањето е најавен од 9:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улиците „Нобелова“ и „Виенска“, како и делови од „Хелсинки“ и „Лондонска“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водата ќе биде повторно пуштена по завршување на интервенцијата и целосно отстранување на дефектот.