Неколку мртви во експлозија во познат швајцарски скијачки центар (ВИДЕО)

Полицијата потврди дека експлозијата се случила додека во барот се одржувале новогодишни прослави.

Неколку лица загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија и пожар што се случија ноќеска во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. пишува BBC, објави дека експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот Le Constellation, а причината сè уште е непозната.

Полицијата потврди дека експлозијата се случила додека во барот се одржувале новогодишни прослави.

Повеќе од 100 луѓе биле во швајцарскиот бар во времето на експлозијата, јавува швајцарската радио станица Rhone FM.

Сведок на инцидентот за радиото изјави дека голем број екипи за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а неколку хеликоптери учествувале во грижата и транспортот на повредените.

Има повредени и починати

„Имало експлозија од непознато потекло“, изјави портпаролот на кантоналната полиција, Гаетан Латион, за AFP. „Има неколку повредени и неколку мртви“, додаде тој.

Видеа што го прикажуваат пожарот на таа локација циркулираат на социјалните мрежи. Властите, исто така, воспоставија телефонска линија за да им помогнат на семејствата погодени од несреќата.

Познато луксузно одморалиште

Кранс-Монтана е луксузен скијачки центар сместен во срцето на Швајцарските Алпи, во регионот Вале, на приближно два часа возење од главниот град Берн.

Зачлени се на нашиот е-билтен