усје

Согласно утврдени ризици при планирањето на пример во моментов со актуелната состојба со правен субјект ТИТАН Цементарница УСЈЕ ве известувам, дека во текот на 2025 година се извршени 6 надзори кај овој правен субјект од кои 2 редовни и 4 вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори (последните вонредни беа реализирани во текот на ноември со инспектор за животна средина од Градот Скопје 18.11.2025 во 22:00 дo 00:30 и во декември на 18.12.2025 со инспектор за животна средина од Општината Кисела Вода), при што кај сите надзори не се утврдени неправилности во работењето кај овој правен субјект.

Ова го изјави директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска на прес конференцијата што ја организираше Владата.
 
Гиновска рече дека изминатиов период имале вечерна, ненајавена контрола во УСЈЕ со инспектори од внатрешноста и пишувачи на дозволата од Управата за животна средина.
 
„Реализирани се и ненајавени вонредни мерења на емисии во воздух со Одделението-Лабораторија за животна средина при МЖСПП со претставници од Управата за животна средина. Секој месец Цементарница Усје до инспекторатот доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки,  исто така доставува двапати годишно извештај од мерења кои ги извршува акредитирана лабораторија“, објасни директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, која истакна дека фабриката УСЈЕ има обврска да испорачува извештаи согласно дозволата.

Зачлени се на нашиот е-билтен