Претседателот на Швајцарија за пожарот во Кран-Монтана: Се истражува степенот до кој се прекршени безбедносните правила

Швајцарскиот претседател Ги Пармелен изјави денес, по повод националниот ден на жалост за масовните жртви во пожарот во бар во Кран-Монтана за време на новогодишната ноќ, дека ќе бидат преземени сите мерки „за да не се повтори таква катастрофа“.

Во пожар на новогодишната ноќ во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. Во писмо до медиумите, претседателот рече дека жртвите, нивните семејства и најблиските треба да бидат почитувани и запомнети.

„Им ја должиме нашата посветеност да направиме сè што е можно за да се осигураме дека таква катастрофа никогаш повеќе нема да се случи“, рече Пармелен.

Судскиот систем „испитува до кој степен се прекршени безбедносните правила и ќе извлече потребни заклучоци“, додаде тој.

Комеморација за жртвите од пожарот во Кран-Монтана ќе се одржи попладнево во Мартини. Доаѓаат политички претставници од 32 земји, Европската Унија и Европскиот парламент, а се очекуваат и речиси 1.000 гости, објавија швајцарските медиуми.

Доаѓаат претседателите на Италија и Франција, Серџо Матарела и Емануел Макрон, големиот војвода Анри од Луксембург, белгискиот премиер Барт де Вевер, романскиот вицепремиер Раду Динел-Мирута, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола

Зачлени се на нашиот е-билтен