Награден конкурс за млади уметници на списанието „Лице в лице“

Списанието „Лице в лице“ објави награден конкурс за млади уметници и креативци кои треба да испратат свои дела што ќе станат дел од групна изложба.

„Осмели се, инспирирај, промени: Политичкиот интегритет низ очите на младите

Припаѓаш на генерацијата што не молчи? Те нервираат оние што сè завршуваат со „врски“? Не си како нив? Замисли креативност и уметност што не служи само за лајкови. Ни треба уметност што „вреска“! Ако веруваш дека твојата визуелна креација може да стане глас на младите, овој повик е токму за тебе“ се наведува во повикот.

Темата е „Политички интегритет низ очите на младите“. Пријавувањето е отворено до 12.01.2026, а повикот е наменет за млади до 29 години“ се вели во повикот од магазинот.

Најдобрите три дела ќе бидат наградени со 200, 100 и 50 евра.

Повикот е изработен во рамките на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Северна Македонија“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија и е подгрант на „Integrity Watch in the Western Balkans and Turkey: Civil society combating corruption with political integrity data“.

Зачлени се на нашиот е-билтен