СДСМ: Споредбите со ЕУ земјите за укинување на техничката влада се манипулација, тие немаат корумпирна власт

СДСМ

Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане и затоа споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. 

Ова го истакнува опизициската партија СДСМ како реакција на свикувањето на лидерската средба за постигнување договор за укинување на техничката влада според Пржинскиот договор.

„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример  дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството“, укажуваат од СДМ.

Од тоа се плаши тендер коалицијата, сметаат од оваа партија и затоа не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.

„Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, е ставот на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен