Уште пред да заврши, „лидерската“ може да се прогласи за „умрено“. Мицкоски се сретна со своите коалициски партнери со кој се гледа секој ден минус Максим кој беше заменет со министерот за јавна администрација и со лидерите на левица и ДУИ кои најавија дека ќе дојдат на средбата со своја агенда.
Како и што најави, на средбата не присуствува претседателот на СДСМ, Венко Филипче. За него беше оставено празно столче до Мицкоски.
Ако ги исклучиме лидерите на двете опозициски партии за претставниците од владејачката коалиција има најмногу прашања зошто токму тие се таму, се прашуваат колегите од Независен.мк.
Минчев е дел од владата на Мицкоски како министер за јавна администрација и заедно се постојано на седниците на владата, а несомнениот лидер на ЗНАМ, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одбегна да дојде на средбата. До почетокот на средбата нема објаснување за оваа постапка.
Исто така, нема доволно добро објаснување зошто на средбата како претставник на „Вреди“ е Билал касами, а не градоначалникот на Чаир и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, кога тој има најголема политичка тежина во тројната коалиција.
На средбата не дојде претседателката на ЛДП, пратеничката Моника Зајкова, иако нејзината партија немаше негативен став кон оваа идеја на Мицкоски.
Таа најверојатно го сменила мислењето отако ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја нападна во Собранието во расправата за измените на Кривичниот законик. Ја обвинија ја дека таа била еден од виновниците за претходните измени со тоа што останала во салата за да има кворум.
Во парламентот има и други партии, на пример двете крила на Алијансата за Албанците, кои настапуваа од различни страни на последните парламентарни избори, но ниту едно од тие крила нема претставник на лидерската средба. Не е познато дали добиле покана или не, иако претходно во најавите се зборуваше дека повикот ќе биде до сите парламентарни партии.