Одлуката на бугарскиот претседател Румен Радев да поднесе оставак и да се активира со својата политичка партиија во изборите во земјата доаѓа по завршувањето на постапката за врачување мандат за формирање влада, која заврши со неуспех.
Сите три папки за мандати беа вратени без обид за формирање влада во рамките на 51-то Народно собрание.
Сето ова се случува во позадина на широко распространетите шпекулации во последните денови дека претседателот ќе поднесе оставка и ќе го предводи својот политички проект.
Бидејќи ова се очекуваше, повеќето политички партии кои коментираа на темата објаснија дека не се загрижени за појавата на нов субјект на политичката сцена во лицето на Румен Радев.
Претседателката на Народното собрание, Раја Назарјан не гледа проблем ако шефот на државата објави дека ќе влезе во политиката со својата партија.
„Ова е демократија. Секој може да учествува. Нема страв од него или од некој друг. Ова е нормална политичка ситуација – да се победи со идеи и аргументи“, додаде Назарјан.
„Нека скокне во тавата и да видиме како ќе излезе! Ќе влезе уште една партија, а ќе излезат две“, рече пратеникот на ГЕРБ-СДФ, Бранимир Балачев.
„Знаете дека оваа тема се дискутира долго време, а сепак не станува реалност. Да видиме какви ќе бидат резултатите“, коментираше пратеникот од „Постои таков народ“ Александар Рашев.
„Очекувањето е за политички проект. Постојано најавуваме дека ќе поддржиме таков проект“, прецизираше Јулијана Матева од „Величие“.
Ако Румен Радев одлучил да објави свој политички проект, мислам дека ова е добра вест од неколку причини, изјави Крум Зарков, поранешен министер за правда и поранешен правен советник на претседателот.