Трамп направи чекор назад, прифати договор за Гренланд и Арктик од интерес за САД и сите земји на НАТО

Трамп

Врз основа на многу продуктивен состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, формиравме рамка за иден договор во однос на Гренланд и, всушност, целиот Арктички регион. Ова решение, доколку се постигне, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО.

Ова го напиша на неговата социјална мрежа ТрутСошл претседателот на САД Доналд Трамп, на која соопшти дека овој врз оснона на овој договор и разбирање, тој нема да ги активира царините против неколку земји на ЕУ што требаше да стапат на сила на 1 февруари.

„Се водат дополнителни дискусии во врска со Златната купола во однос на Гренланд. Дополнителни информации ќе бидат достапни како што напредуваат дискусиите. Потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот претставник Стив Виткоф и разни други, по потреба, ќе бидат одговорни за преговорите – тие ќе ми поднесуваат извештаи директно мене“, напиша уштеТрамп.

Веднаш после средбата со Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го поздрави овој чекор на Трамп, и очигледно, во знак на охранрување, пофали ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за трошењето за одбрана на Светскиот економски форум во Давос.

За време на панел-дискусијата, Руте рече дека главните европски економии никогаш не би ги исполниле своите обврски за трошоци за одбрана без притисок од Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен