Лидерите на земјите од ЕУ на самитот за Гренланд и трговските односи со САД

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во својата покана до шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ, нагласи дека сака да разговара за предизвиците во трансатлантските односи, нивните последици за Европската Унија, како и за координацијата на идните чекори.

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), вечерта на 22 јануари се собираат во Брисел на вонреден самит, свикан по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за одредени земји од европскиот континент.

Одржувањето на самитот беше потврден и откако американскиот претседател, вчера (21 јануари) се откажа од воведувањето царини, бидејќи во Давос беше постигнат рамковен договор за Гренланд на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Европската Унија првично планираше да разговара за заеднички одговор на американските закани со царини на самитот. Се очекува лидерите да разговараат и за стратегијата за одговор на можните идни закани од Доналд Трамп.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во својата покана до шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ, нагласи дека сака да разговара за предизвиците во трансатлантските односи, нивните последици за Европската Унија, како и за координацијата на идните чекори.

На 21 јануари, Европскиот парламент го замрзна процесот на ратификација на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави, во светлината на тензиите во врска со Гренланд.

Според европските дипломати, ЕУ сака јасно да утврди колку е солидно, стабилно и предвидливо сегашното трансатлантско трговско партнерство и воен сојуз.

Фокусот на дискусијата несомнено ќе биде Гренланд, а се очекува лидерите да добијат повеќе информации од Данска.

Премиерката на таа земја, откако потврди дека е постигнат рамковен договор, изјави дека нејзината земја е подготвена да разговара за безбедноста на Арктикот, но инсистира на почитување на територијалниот интегритет.

„Комитет за мир“ на дневен ред на состанокот на европските лидери

Во моментов, Европската Унија се двоуми дали формално да учествува во новоформираниот Комитет за мир, чекајќи дополнителни објаснувања од американската страна, но и анализирајќи дали учеството на овој форум е дозволено со уставите на поединечните земји-членки.

Се очекува комитетот да го надгледува управувањето со Појасот Газа откако САД посредуваа во договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, палестинска група која Вашингтон и Европската Унија ја сметаат за терористичка организација.

Европската комисија првично ја поздрави идејата за овој комитет, но ЕУ ќе се обиде да заземе заеднички став и за ова прашање.

За некои европски земји е проблематично што Трамп ги покани претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, да бидат меѓу учесниците во Комитетот.

Сепак, едногласноста по ова прашање повеќе не е можна, бидејќи Бугарија и Унгарија се приклучија на овој Комитет.

Зачлени се на нашиот е-билтен