Најголемата нуклеарна централа во светот почнува да работи: Ревизијата траеше со години

Кашивазаки-Карива е најголемата нуклеарна централа во светот и нејзиното рестартирање е пресвртница за Јапонија, која сè уште се справува со последиците од топењето на реакторот во Фукушима.

Најголемата енергетска компанија во Јапонија ќе стартува нуклеарна централа за прв пат по катастрофата во Фукушима во 2011 година

Токио Електрик Пауер Ко. на својата веб-страница објави дека ќе го стартува реакторот број 6 во нуклеарната централа Кашивазаки-Карива во префектурата Ниигата.

Пресвртна точка за Јапонија

Кашивазаки-Карива е најголемата нуклеарна централа во светот и нејзиното рестартирање е пресвртница за Јапонија, која сè уште се справува со последиците од топењето на реакторот во Фукушима. Тепко потоа призна дека централата не е подготвена за силен земјотрес и цунами што поплавија три реактори, објавува Бизнис.рс.

Катастрофата во Фукушима фундаментално ја промени енергетската политика на Јапонија, принудувајќи ја земјата повеќе да се потпира на увоз на фосилни горива. Пред несреќата, нуклеарната енергија сочинуваше една третина од производството на електрична енергија, а Јапонија имаше цел да го зголеми тој удел на 50 проценти до 2030 година. Денес, околу две третини од 33-те оперативни реактори се надвор од употреба.

Враќањето на Јапонија на нуклеарна енергија е дел од глобалниот тренд, бидејќи владите бараат начини за декарбонизација на енергетските мрежи. Во исто време, компаниите бараат чисти и стабилни извори на електрична енергија за да го задоволат порастот на побарувачката од центрите за податоци што напојуваат вештачка интелигенција.

Технолошките гиганти како „Мајкрософт“ и „Амазон“ склучуваат директни договори со добавувачи на нуклеарна енергија во Соединетите Американски Држави.

Ревизиите траеја со години

Во Јапонија по Фукушима беше основан независен регулатор, а прегледите за рестартирање траеја со години, бидејќи „Тепко“ се бореше да обезбеди поддршка од локалните заедници и власти. Реакторот број 6 во Кашивазаки-Карива ќе биде 15-тиот реактор што ќе биде повторно ставен во функција според безбедносните правила воведени по Фукушима.

„Тепко“ неодамна соопшти дека го суспендирал тестот за екстракција со контролна прачка во реакторот откако алармот не се вклучил. По проверките завршени во среда во реакторот број 6, не се пронајдени проблеми со прачките – кои се користат за регулирање на нуклеарната верижна реакција – изјави портпаролот на компанијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен