Над 130.000 луѓе во САД останаа без струја поради снежната бура

Повеќе од 130.000 корисници останаа без електрична енергија во Соединетите Американски Држави поради силна снежна бура, покажуваат податоците од службата за следење на електричната мрежа Poweroutage.

Најголем број потрошувачи се регистрирани во Тексас и Луизијана, речиси 51.000.

Според Националната метеоролошка служба, обилни снежни врнежи го зафатија подрачјето од Источен Тексас до Северна Каролина, а вонредна состојба е прогласена во најмалку 21 држава.

Националната метеоролошка служба предупредува на температури под нулата и студ од ветер, што претставува опасен по живот ризик од хипотермија и смрзнатини.

Речиси 12.000 летови низ САД закажани за викендот беа откажани откако зимската бура предизвика хаос низ целата земја, а беше издадено предупредување за лоши временски услови за околу 140 милиони луѓе, или повеќе од 40 проценти од населението, јавува Танјуг.

На североисток, Вашингтон, Филаделфија, Њујорк и Бостон се соочуваат со обилни снежни врнежи и прекини во сообраќајот, а по автопатот што ги поврзува тие градови паднале до 30 сантиметри снег.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ги предупреди жителите да останат во своите домови поради лошите временски услови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен