Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Како резултат на соработката на македонските и грчките конзерватори Ангелот од Курбиново е трајно заштитен

„Ангелот од Курбиново е конзервиран. Во тек е конзервацијата на ѕидното сликарство, едно од најретките од византиската уметност во светски рамки, во цркавата „Св.Ѓорги“. Високопрофесионалната конзервација на фрескоживописот на црквата „Св.Ѓорги“, се одвива во соработка помеѓу Завод и Музеј-Битола и реномираниот Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на денешната посета на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново.

Таа ја истакна соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун како прва на институционално ниво помеѓу колегите од Северна Македонија и Грција.

„Оваа соработка ни овозможи долгорачна заштита на еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период. Добиваме резултати. По интензивни вложувања во изминативе 5 години, и достигнувања кои се вредни за меѓународната стручна и домашна јавност. Со ваквиот приод на заштита продолжуваме со афирмација на македонското културно наследво во светот“, се истакнува во текстот на социјалните мрежи на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен