Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул. „Октомвриска Револуција” во Куманово, патничко возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово, информираат од Министерството.