17годишно момче тешко повредено при сообраќајка на ,,Партизанска”

МВР информира дека на 07.02.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки,  управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” во Скопје. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен