Се турка предлог хотелите да бидат градби од државно значење? Се поврзува со милијардерот Мохамед Алабар кој го гради „Белград на вода“

хотелите

Денеска во 14.00 часот, Министерството за транспорт и врски оргтанизира јавна расправа за се предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Со нив министерот за транспорт Николоски ги внесува хотелите и хотелските комплекси со површина над 1000 м2 како градби од државно значење.

Покана за оваа дебата добија повеќе државни институции и организации од стопанството и хотелиерството, како и неколку граѓански организации од сферата на заштитата на животната средина, но на листата на поканетите не се и медиумите.

Известувањето за оваа јавна расправа до медиумите стигна преку организацијата О2, во која се истакнува дека „јавноста има право да знае зошто и како вакви одлуки се носат“.

Од О2 информираат дека ова е 10-та измена на Законот и Правилникот за урбанистичко планирање на оваа Влада, за година и седум месеци и дека ова прашање е од исклучителна важност, особено по посетата на милјардерот Мохамед Алабар на земјава, кој го изгради „Белград на вода“. 

„Менување на закони и правилници за остварување на приватни бизнис интереси, под наметка на државен интерес, заобиколувајќи ги веќе уредените постапки за изградба на хотели и хотелски комплекси, исклучувајќи ја јавноста (нема јавна анкета), е рушење на ионака кревките правила во урбанизмот, каде и што може да се гради, отворајќи врата за силување на просторот, наметнувајќи градби онаму каде не им е место, со неможност на локалното население да влијае врз одлуката„, посочуваат од О2..

Зачлени се на нашиот е-билтен