„Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за употребата на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање“, напиша денеска на социојалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
– Пратениците се согласија дека станува збор за квалитетен Предлог-закон, а забелешките кои се главно од техничка природа, во второто читање ќе ги надминеме амандмански, истакна министерката за култура.
Бисера Костадиновска-Стојчевска нагласува дека Министерството за култура со Советот за македонски јазик, пристапија кон изготвување нов закон за употреба на македонскиот јазик имајќи предвид дека, и покрај тоа што актуелниот Закон има позитивни ефекти во подигањето на јазичната култура во државата, во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.
– Со новиот закон за употреба на македонскиот јазик даваме придонес во заштитата на нашата посебност и идентитет, пишува во постот на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.