Политичкиот аналитирач и извршен директот на Демокраси Лаб, Сефер Селими, е на мислење дека враќањето на Артан Груби би можело да биде во склоп на некаков договор.
„Дали е тоа договор меѓу Груби и обвинителството или меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, или можеби, господинот Груби се одважил да се соочи со правдата, допрва ќе дознааеме“, изјави за Рацин.мк Селими.
Селими вели дека личните мотиви на Груби тешко е да се утврдат, но тој реле дека се надева дека Груби оваа своја одлука ја донел од свои лични причини.
„Може да се очекува дека тој (Груби) да дојде за да докажува дека е невин за тоа за што се товари. Тешко е за лица јавни функционери, препознатливи во јавноста да живеат знаејќи дека се следени. Дури може да се смета и за добра вест некој што е обвинет за тешки дела, да се врати и да се соочи со тие обвинувања и да ја докаже својата невиност“, оценува Сефер Селими.
Прашан за политичкиот контекст во кој Артан Груби ја донел оваа своја одлука или се согласил на некаков договор, Селими не го исклучува контекстот на предвремени избори.
„Веќе подолго време во политичкиот контекст се предвремените избори и дека на таа теме има комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Но, пак ќе речам, сето ова е во склоп на шпекулации. Јас мислам дека ова може да повлече и да се врати во наративот за враќање на Никола Груевски, кој повеќе од 7-8 години е во бегство. Ќе се бара повеќе активност и од обвинителството и за други функционери кои беа обвинети или се во бегство“, смета политичкиот аналитичар и извршен директот на Демокраси Лаб, Сефер Селими
Ова, проценува соговорникот на рацин.мк, може да поттикне момент за барање на поголема одговорност на функционери на сегашната и на претходната власт зашто има многу обвинувања кои остануваат само како политички дискуср без да добијат некаква разрешница во правосудниот систем.
„Секој ден слушаме обвинувања на власта кон поранешниот премиер и претседател на СДСМ, од друга страна опизицијата секојдневно објавува скандали за корупција на власта, а не гледаме процеси и разрешници во правосудните органи“, рече за онлајн порталот Рацин.мк Сефер Селими, аналитичар и извршен директор на Демокраси Лаб.