Во Варшава е уапсен државјанин на Црна Гора по европски налог за апсење издаден од Литванија. Тој е осомничен дека шпионирал во корист на Кина, соопштија надлежните органи.
Според литванските власти, осомничениот од февруари 2023 година наводно собирал информации што можеле да бидат од интерес за кинеските разузнавачки служби.
Апсењето било извршено на аеродромот во Варшава, по што против него е покрената постапка во согласност со европските механизми за судска соработка. Надлежните институции најавија понатамошна истрага и екстрадициска постапка.
Случајот е резултат на координација меѓу полските и литванските безбедносни служби во рамки на борбата против шпионажа и активности што можат да ја загрозат националната безбедност.