Трендафилов прашува дали во среда функционерите ќе си ги зголемат платите за 250 евра, а платите на работниците за 25 евра

Трендафлиов

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов предвидува три сценарија по објавата на Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата од 9,6% во 2025 година, ги зголемува функционерските плати за 9,6%, па така функционерите во следните денови:

Првото сценарио, според Тренадфилов е дека функционерите Ќе ја зголемат минималната плата на 600 евра и останатите плати за најмалку 6000 денари и ќе си ја земат нивната плата зголемена за 9,6%, односно за 250 евра просечно.

Второто е дека ќе го намалат коефициентот на сложеност на функционерските плати за 9,6% само за да не ја зголемат минималната плата на 600 евра и за да не ги зголемат останатите плати за најмалку 6000 денари.

И третото сценарио дека Ќе ја сменат основицата за пресметување на функционерските плати од просечна на минимална плата и ќе ги намалат коефициентите за 40 %, а ќе ја зголемат минималната плата на 600 евра и останатите плати за најмалку 6000 денари.

Како што е познато, според формулата за усогласување на платите, во среда пред пратениците ќе се најдат коригираните коефициенти со кои  треба да се заобиколи ново сериозно зголемување на функционерските плати. Група пратеници веќе ги поднеле измените во неколку закони со кои се прави нивелирањето.

За да нема нов скок на нивните плати, коефициентот треба да се намали за 9,6 отсто, колку што порасна просечната бруто – плата во 2025 во однос на претходната година, а која е еден од параметрите за пресметка на функционерските примања.

Претходно пак на прашање до Владата дали и оваа година ќе се направи корекција за да нема раст на овие плати од таму одговорија дека оваа година ќе има редовно усогласување на платите согласно законските одредби и стандардот.

Зачлени се на нашиот е-билтен