Нова закана од Трамп: предупреди дека земјите што ќе „играат игри“ ќе се соочат со повисоки тарифи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати остро предупредување до земјите кои, според него, би се обиделе да ја искористат одлуката на Врховниот суд на САД.

Во објавата на својата социјална мрежа Трамп наведе дека „секоја земја што ќе игра игри со оваа одлука, особено оние што ги експлоатирале САД со години, ќе се соочи со повисоки тарифи и поголеми мерки“, и додаде: „Предупредени сте“. 

Трамп, истовремено, ја критикуваше одлуката на Врховниот суд, тврдејќи дека претходниот обем на царини сега можел да се користи на „поиритирачки“ начин и дека имал дополнителни овластувања за воведување мерки. 

Ова доаѓа откако судот ги поништи некои делови од неговата шира царинска програма, што предизвика реакции и несигурност меѓу трговските партнери на САД. 

Зачлени се на нашиот е-билтен