Еден полицаец е убиен, а двајца други се ранети во експлозија што се случи рано утрово во центарот на Москва, откако напаѓач активирал експлозивна направа во близина на патролно возило. Руското Министерство за внатрешни работи објави дека нападот се случил на плоштадот во близина на железничката станица Савеловски, пишува The Guardian.
Според соопштението на министерството објавено на Telegram, експлозијата се случила кратко по полноќ. Станицата Савеловски, кој се наоѓа во северниот дел на Москва, е еден од главните железнички центри во градот.
Детонирана бомба
Во соопштението за медиумите се наведува дека напаѓачот им се приближил на сообраќајните полицајци кои седеле во нивното патролно возило, а потоа била детонирана експлозивна направа. Се додава дека напаѓачот, исто така, починал на местото на настанот.
Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека целното патролно возило било тешко оштетено, но не се запалило. Локалните медиуми објавија слики од полициски автомобил со скршени прозорци во близина на железничките пруги. Областа веднаш била блокирана од полицијата, а на местото на настанот пристигнале неколку амбулантни возила.
Министерството првично објави дека сторителот избегал. Сепак, само неколку минути подоцна, по увидот на местото на настанот и снимките од безбедносните камери, беше објавено дека телото на напаѓачот е пронајдено на местото на експлозијата. Властите сè уште не објавија детали за видот на експлозивот или за можниот мотив на напаѓачите.
🚨 Explosion near Savyolovsky Station in Moscow — bomber and police officer killed
— NEXTA (@nexta_tv) February 24, 2026
An unidentified man detonated an explosive device next to a traffic police vehicle with officers inside in Moscow. The incident occurred around midnight near Savyolovsky railway station — the man… pic.twitter.com/vcwFbWtjGH
Нов инцидент
Рускиот истражен комитет, кој се занимава со сериозни кривични дела, потврди дека започнал истрага за обид за убиство на службеник за спроведување на законот и нелегално поседување експлозивни направи. Овој напад доаѓа во контекст на низа насилни инциденти во Русија.
Во декември минатата година, двајца полицајци беа убиени во експлозија на југот на Москва додека се обидуваа да спречат сомнително лице, недалеку од местото каде што неколку дена претходно беше убиен руски генерал.
За време на четиригодишната војна на Москва против Украина, беше забележана низа атентати на руски воени функционери на руска територија. Порано овој месец, висок офицер на руското воено разузнавање беше ранет со неколку истрели во напад за кој Москва го обвини Киев.