Борис Џонсон: Украинците се борат како херои додека ние на Западот се двоумиме

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој беше на функција пред четири години кога почна руската инвазија врз Украина, изјави дека Украинците „се борат како херои додека Западот се двоуми“, во порака објавена денеска и пренесена од дел во медиумите.

Џонсон на платформата Икс (X) оценил дека, додека војната влегува во петтата година, Западот, а особено Соединетите Американски Држави, мора да ја прифатат, како што навел, клучната реалност дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да ја заврши војната и не сака мир.

Во истата порака, Џонсон повикал да се заплени целата руска „флота во сенка“ што, според него, се користи за заобиколување на санкциите. Тој дополнително побарал и одмрзнување на целокупниот замрзнат руски имот и негово предавање на Украина.

Написот пренесува и дека Џонсон побарал Украина да го добие оружјето што, според него, ѝ е потребно за да ги уништи руските фабрики за беспилотни летала, со порака дека овие чекори треба да се преземат веднаш.

Во завршниот дел од пораката, Џонсон оценува дека основниот проблем останува ист како и во изминатите четири години: Украинците, според него, се борат херојски, додека западните држави ги одложуваат одлуките. Тој тврди и дека Западот може да ја заврши војната уште оваа година ако престане да се двоуми.

Зачлени се на нашиот е-билтен