„За таа што ти е сè“ – голем осмомартовски базар со најкреативните ракотворци

базар

Во пресрет на Денот на жената – 8 март на приземјето во Скопје Сити мол од 5 до 8 март ќе се одржи голем базар под слоганот „ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ“.

На базарот учество ќе земат успешните и докажани брендови: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана Митовска, Small piece of joy, Epoxy handmade by clay, Елена Ристовска, MORPHO, Шарено ќоше, ByMimiCosmetics, Јулија Барбун, marcy_s_handmade, Џули Декупаж, ЈУНИК КОРНЕР, кожарска работилница Карло Хорват, Filigree LARGO, Botanikly, Филигран од срма Софија и Витрум Студио.

Креативците кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето наДенот на жената ќе се претстават со широка палета модерни производи. За сите дами, познатите и современи ракотворци изработија оригинален и храбро конципиран еклектичен накит, рачно плетен накит од челик и кожа, креативни изработки од срма, рачно насликана керамика, дрвени сетови, иновативен накит од керамика и стакло, накит од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Ракотворците ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, низ моделирање наративи од инспиративното секојдневие.

На овој уникатен базар, дел од уметниците ќе се претстават и со вегански козметички производи за нега и убавина на лице и тело, цветни аранжмани, производи од свила и домашно направени колачи и чоколади. Некои од уметниците креираа и чанти и аксесоари изработени од кожа, како и декоративни органски сапуни.

Настанот обединува внимателно селектирани домашни креативци и брендови, кои со својата оригиналност, естетика и рачна изработка нудат поинаква, автентична алтернатива за избор на подарок за празникот посветен на жената. „ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ“ не е само продажен базар, туку платформа каде уметноста, дизајнот и личната приказна се спојуваат во производи со посебна вредност. Настан за поддршка на локалните креативци и занаетчии, кои преку својата работа ја афирмираат вредноста на рачната изработка и автентичниот дизајн. Базарот нуди можност за директна средба со авторите, запознавање со процесот на создавање и избор на подарок што носи вистинска емоција.

Зачлени се на нашиот е-билтен