Трајчевски (АВМУ): Инфлуенсерите не сакаат да се регистрираат од страв да не се открие кои се нивните финансиери и донатори

Инфлуенсери

„Целата борба (на инфлуенсерите, н.з.) е да не доставуваат извештаи од каде им доаѓаат средствата за нивно финансирање и кои се нивните донатори“.

Ова го изјави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), д-р Зоран Трајчевски, на настан на кој беше презентиран и Документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Трајчевски за причините поради кои и инфлуенсерите и порталите одбиваат да се регистрираат наведува дека „целата борба е да не доставуваат извештаи од каде им доаѓаат средствата за нивно финансирање и кои се нивните донатори“.

Според Трајчевски, треба да се укине платеното политичко рекламирање, а да се формира фонд за поддршка на медиумите.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), д-р Зоран Трајчевски, го посочи државното финансирање на партиските кампањи и префрлувањата огромни средства од Буџетот на интернет-порталите кои се појавуваат непосредно пред избори, а исчезнуваат една недела по завршувањето на изборниот процес.

„Ваква пракса не постои никаде во светот. Кај нас се пријавуваат портали кои се регистрирани во Албанија, Косово, Србија и кои воопшто немаат содржини од информативен карактер. Нека се обидат наши новинари да добијат пари во Србија или во Бугарија – таму сега ќе има избори. Никаде нема да добијат. Во 2024 се доделија 10 милиони евра буџетски пари на телевизии, радија и портали без критериуми. Средства добија и медиуми кои имаат минорна читаност“, рече Трајчевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен